 |
 |
ПОСТОЈАНА ПОСТАВКА
14 - 20 век
|
| |
Постојаната поставка е сместена во Националната галерија на Македонија,која е основана во 1948 година и е една од најстарите ликовни институции во Република Македонија. Сместена е во културно-историскиот споменик на исламската профана архитектура Даут паша амам. Објектот - амамот составен е од машки и женски дел со вкупна површина од 900 м 2, го изградил Даут Паша во втората половина на 15 век.
Националната галерија со својата Постојана поставка уште еднаш го потврдува своето стожерно место во македонската ликовна уметност, како средиште и како вредносен супстрат кој им се претставува на увид на домашната и странската јавност.
Покрај постојаната поставка, Националната галерија на Македонија има и неколку други колекции, и тоа: |
 |
Колекција Македонски Цртеж |

|
Колекција Македонска Графика |
 |
Kолекција на поранешни југословенски автори |
| |
|
 |
Пролегомена за стилските текови |
| |
Во повеќето изминати векови македонските творци чекореа по светските артерии на византискиот ликовен израз. Битката за еволуција и откривање секогаш ги надминувала локалните рамки. Некои ансамбли за ѕидното сликарство, иконописот и применетата уметност од Македонија заземаат високо место во европската историја на уметноста. Иконата во тој поглед е квинтесенција не само на ликовната изведба, туку во неа длабоко се проникнуваат духовните слоеви, естетичката идеја и непосредно обраќање кон луѓето.
Затоа, пред големата сеопфатна панорама што го следи македонскиот подем на уметноста на XX век на Македонија, хронолошки и претходи колекцијата на икони како едно потсетување на изодениот пат кон врвот. И покрај тоа што изложените икони не се конципирани со антологиски метод, тие ќе му пружат на љубителот на уметноста пролегомена за стилските за стилските текови од херојското време на Михаил и Евтихиј, пелагониските браќа Јован и Макариј од XIV век, се до творењето на мијачките зографи во времето на Преродбата. Тие само потврдуваат дека низ вековите, меѓу Охрид, Пелагонија и Скопје постојано пулсираат ликовните врски со Цариград и Солун, потоа со Атос, Венеција и Средна Европа. Тие само потврдуваат дека низ вековите, меѓу Охрид, Пелагонија и Скопје постојано пулсираат ликовните врски со Цариград и Солун, потоа со Атос, Венеција и Средна Европа. Тие само го потврдуваат творечкиот немир, напорот да се допре и оствари сопствен творечки еквивалент. Во времето на ропство и отпор, над нас се возвишува светлиот лак на нашето ликовно небо за да го потврди триумфот дека величината на духот не е заробена.
|
 |
Македонската уметност на XX vek
|
| |
Сликарството на преродбата
Во исклучително тешките последни децении на владеењето на Отоманското царство (до 1912), во Македонија упорно се одвиваше македонската културна преродба. Забележлив влог во неа беше оној на многу македонски градители, резбари и зографи. Така, живописците Димитар Андонов Папрадишки, Ѓорѓи Зографски и Коста Вангелов, сликаа сообразени со тоа пресвртно време. Продолжија да создаваат религиозно фреско и иконописно сликарство, при што почитта кон традицијата ја сојузија со претпазлива примена на модели преземени надвор од византиската уметност. Одделни нивни дела се доближија и до поновите европски ликовни изрази. Тоа е поизразено во творбите со световни мотиви на овие уметници: во портрети и автопортрети (работени и според фотографии), пејсажите, во првите фолклорни и "историски" сцени.
Уметноста меѓу двете светски војни
При тотална негација на македонскиот национален, јазичен и културен идентитет, се раѓаше македонската модерна уметност. Тогаш неколку македонски уметници се школуваа во Белград, Софија и Букурешт; а се усовршуваа во Париз (Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димитар Пандилов Аврамовски) и Прага (Томо Владимирски).
Кон современ израз (1945-1960)
Во шестата деценија постепено се создадоа општествени околности за слободно творечко изразување што поттикнаа пресвртни процеси и во ликовната уметност. Тие се темелеа и на македонското предвоено модерно сликарство: на Пандилов, Личеноски и Мартиноски. Незапирливо пробиваа и низа нови стилски правци, заедно со појавата на повоените ликовни генерации. Школувани надвор од Македонија, тие ги надминаа академските формули преку моделите на фовизмот, експресионизмот, симболизмот, надреализмот.
Современа македонска уметност (1960-1980)
Појавата на апстрактното сликарство на преминот од шестата во седмата деценија беше поттикната со стремежот на нашата средина да се вклучи во општите современи процеси. Некои сликарски мотиви се сведуваа на фино геометриски обликувани детали: во иконовидните состави на Кондовски тие се преземаа од византиски, фолклорни и ориентални мотиви; а во ликовните амбиенти на Душан Перчинков, од природни и урбани ситуации. Други сликари го прифатија енформелот, за ненаративен дијалог со себе и со светот; со својот физички, социјален, етнички и духовен контекст.
Во осмата деценија опстојуваа: фигуративната фантастика (ангажираната, на Васко Ташковски; "наивната", на Вангел Наумовски); агресивните експресионистички дисторзии на сликаната граѓа (Мазев, Чемерски); грижливо сликаните нефигуративни состави (Калчевски).
Кон нови потраги (1980-1990)
Драстичните општи историски пресврти во осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години; радикалните ревизии на многу вредности во духовната и естетската сфера, го менуваа и севкупниот живот во Македонија. Некои истакнати сликари и тогаш создаваа дела усогласени со епохалните ликовни движења.
Едновремено, група млади уметници ја усогласуваа својата естетска свест со современата епоха и со сопствениот уметнички контекст. Во својот нов ликовен дискурс го преомислуваа сето она што им претходело: пред се, светската и македонската современа уметност станаа негова граѓа, предавана со култивирана ("традиционална") обработка на делата. |
| |
|
|
|
| |
 |
ИСУС ХРИСТОС, втора половина на 17 век
црква “Св. Никола Геракомија”, Охрид |
|