Со вашето зачленување во Националната галерија на Македонија, Вие директно учествувате во развивањето и зачувувањето на постојаната поставка на Македонската уметност. Вашата подршка ќе ви овозможи да присуствувате на голем број изложби, да присуствувате на посебни настани и да бидете дел од програмата која е ограничена за /само за членови.
Да се биде член во Националната галерија на Македонија е најдобар начин да го проширите вашето знаење за уметноста воопшто. Членовите на галеријата имаат одредени привилегии. Добиваат неделни најави на настани и информации на e-mail , добиваат месечен весник ШТО Е НОВО?, попуст на каталози и монографии и на on-line продавницата, можност да уживаат во кафе барот на мултимедијалниот центар Мала станица и уште многу други поволности.